Ја сакаме возбудата на предизвикот. Тоа е она што не тера да произведуваме видео и фотографии од воздух. Прекрасните пејсажи, архитектурата и разните настани, фатени одозгора нè носат до нова димензија на снимање слики. Сакаме да го споделиме ова неверојатно чувство со другите. Секој лет доаѓа со голема возбуда, бидејќи секое снимање може да не изложи на екстремни локации и услови. Тие вклучуваат водопади, кањони, реки, карпи, спортски натпревари, па дури и верски обичаи. Ризикот вреди и резултатите зборуваат сами за себе.
Нашата цел е да направиме нашите гледачи да се чувствуваат како да летаат. Можеме да создаваме видеа и фотографии од перспектива што им е дозволена само на птиците. Сакаме да ви го пренесеме ова незаборавно искуство и спектакл.
5.4K (5472×3078)
4K Ultra HD (3840×2160)
FHD (1920×1080)
H.264/MPEG-4 AVC, H.265/HEVC
Max Video Bitrate 150Mbps
Image Size 20MP
5472×3648 (3:2)
5472×3078 (16:9)
по околу 25 мин секоја
дополнително може да се полнат батерии на терен
Погледнете ги нашите канали на социјалните мрежи